СИНОНИМ ЗА ТРЕНД
Квалитетите на еден мотоцикл се поврзани со неговиот успех на пазарот, а македонските купувачи инсистираат да добијат најдобар однос на инвестирани средства и она што се добива за возврат. Таквиот пристап овозможува добро познавање на спецификациите на моделите од одреден сегмент и полесно сегментирање на квалитетното и привлечното. Привлечниот дизајн е важен за првата комуникација и стекнување одреден респект кај потенцијалниот нов фан на одреден модел, а подоцна на сцена стапуваат соодветните перформанси и удобноста, која овозможува пријатни моменти и на подолги дестинации. Ваквата комбинација е одлучувачка при изборот на нов скутер, а JONWAY 125 7A гарантира успешен рецепт кој е искористен во производството на овој модел, чии продажни бројки и популарност на повеќе континенти зборува многу за скутерот со привлечна цена. Користејќи го докажаниот агрегат, JONWAY 125 7A го комбинира економичното возење со спортските гени и овозможува релаксирани минути зад управувачот. Седиштето е доволно удобно и доволно комфорно за двајца патници, а суспензијата повеќе од соодветна за она што се очекува од ваков тип на транспортер на две тркала кој во прв план го става долготрајното и квалитетното. Со должина нешто помала од два метри и тежина од 100 колограми не е изненадување што агрегатот со работна зафатнина од 125 кубни сантиметри ослободува доволно сила која тркалата ја претвораат во вистинско задоволство зад управувачот. Максималната брзина е сосема пристојна за приоритетните градски задачи, а позитивна страна му е и потрошувачката која обезбедува нови поени за овој модел. Според спецификацијата, JONWAY 125 7A троши навистина малку, а со капацитетот на резервоарот се обезбедува поголема автономија која е пропратена со одлични перформанси и стабилност при секакви услови на подлогата.
Model: | JONWAY 125 7A |
Engine tipe: | 152 QMI |
Power: | 6.9 hp |
Bore & Stroke: | 52.4mm x 57.8mm |
Startin system: | Electric (CDI) / Kick |
Compress ratio: | 9.0:1 |
Length x Width x Height: | 1,980mm x 680mm x 1,120mm |
Battery capacity: | 12V7Ah |
Wheel size: | Front 80/90-14 Rear 90/90-14 |
Wheelbase: | 1,280 mm |
Weight : | 100 kg |